Упатства за конкретна монтажа

Завршете ја работата правилно и секогаш во првиот обид, со помош на упатствата за конкретна монтажа на SKF.

Ние во SKF ги разбираме предизвиците со кои се соочуваат денешните автомеханичари кога поправаат модерни мотори со софистициран дизајн. Затоа, продолжуваме да го развиваме нашиот асортиман на упатства за конкретна монтажа. Нема друг добавувач што вклучува толку детални технички информации во своите комплети.
  • Обезбедуваме упатства за конкретна монтажа на комплетите со ребрест ремен на SKF, комплетите од ребрест ремен со водна пумпа на SKF и за монтажа на комплетите со ребрест ремен и заптивки за мотор на SKF.
  • Во нив се опишани сите чекори и совети за монтирање на нашите компоненти преку детални и лесно разбирливи цртежи (сила на затегање, стандардни подесувања за затегнувачот итн…).
  • Достапни се повеќе од 150 упатства за конкретна монтажа со кои се опфатени речиси сите комплети со најчесто употребуваните ребрести ремени.
SKF logo