Лежиште за тркало

Главчина за камион

SKF има произведено повеќе од милион камионски главчини од 1998 година досега. Голем број од нив имаат изминато повеќе од милион километри во најтешки услови и сè уште работат со истата надежност како и на денот кога биле монтирани. Претходно подесени, затворени со заптивки и трајно подмачкани, камионските главчини на SKF имаат унифициран дизајн со мала тежина што помага да се елиминираат грешките при монтажата и подесувањето, како причина за повеќето прерани дефекти на лежиштата.

Резултатот е единица што речиси не бара одржување и се одликува со извонреден работен век.

Конусно валчесто лежиште

Благодарение на иновативната конструкција и компонентите што се најдобри во својата класа, конусно валчестите лежишта на SKF TQ-Line ги издржуваат ударите, вибрациите, несоосноста и загаденоста на средството за подмачкување што често може да доведе до дефект кај конвенционалните лежишта.

Во споредба со конвенционалните дизајни, конусно валчестите лежишта на SKF TQ-Line имаат поголем број валчиња — оптимизирана геометрија што овозможува зголемена носивост, порамномерно распределување на оптоварувањето и подолг работен век со помалку проблеми.
SKF logo