Главчини за тркала

SKF има произведено повеќе од милион камионски главчини од 1998 година досега. Голем број од нив имаат изминато повеќе од милион километри во најтешки услови и сè уште работат со истата надежност како и на денот кога биле монтирани.

Претходно подесени, затворени со заптивки и трајно подмачкани, камионските главчини на SKF имаат унифицирана конструкција со мала тежина што помага да се елиминираат грешките при монтирање и подесување, како причини за повеќето прерани дефекти на лежиштата. Робусните материјали, специјализираните средства за подмачкување и поголемата аксијална крутост им помагаат на овие единици да издржат долгогодишна тешка експлоатација во камионите. 

Резултатот е единица што речиси нема потреба од одржување, има исклучителен работен век и низок трошок за сопствеништво.

..

SKF logo