Управување со средства

Сеопфатен спектар на услуги на управување со средствата

Консултантско искуство во производните и процесните индустрии. Водечка индустриска експертиза во применето инженерство и следење на состојбата. Производствено искуство и познавања на надежноста на ротационите машини. SKF сето ова го комбинираше за да создаде единствен и сеопфатен опсег на услуги на стратешко и тактичко управување со средствата.

Докажан процес на подобрување

Ние започнуваме со докажан процес на проценка заради идентификација на можностите за подобрувања во фабриката и развивање на решенија. Целта е вклучување на вашите деловни цели, предизвиците на апликациите и организационата култура во патеката за подобрување на надежноста. Потоа ја применуваме нашата докажана методологија за Оптимизација на ефикасноста на средствата (AEO) за да развиеме решенија кои ќе овозможат вашите средства да произведуваат повеќе без зголемување на капиталните расходи за нова опрема, на тој начин зголемувајќи го вашиот поврат на основни средства. Достапни ширум светот, услугите на SKF за управување со средства ќе помогнат во вашето работење да се развијат стратегии и тактики за постигнување на конечните резултати.

Решенија:

  • Проценка и оценување
  • Стратегиско планирање
  • Балансирани картички на показатели за резултати
  • Клучни показатели на перформансите
  • Анализа на ризикот
  • Преглед на стратегијата за одржување
  • Преглед на перформансите на средствата
  • Управување со инвентарот
  • Планирање и распоред на работењето
  • Применето инженерство
  • Надежно инженерство
  • Управување со трошоците на работниот циклус
  • Системи за компјутерско управување со одржувањето или
    поддршка на Системите за управување со корпоративните средства
  • Инженеринг на инспекција на одржувањето кај нови градби
  • Развој на организацијата

Информации за услуги

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo