Обука за клиенти

Зголемете го знаењето за да ја подобрите надежноста

Производителите денес се под огромен притисок да обезбедат највисок можен квалитет при најниски можни трошоци. Поради тоа, постигнувањето на максимална надежност на машините е од клучно значење. Профитабилноста на сите производители е поврзана со вештините на нивниот персонал и со тоа како работодавачите и индустријата го поддржуваат овој персонал да го исполни својот потенцијал.

Зошто SKF за обука за надежност на одржувањето?

Нашите курсеви за обука се поддржани од преку 100 години искуство и знаења од областа на надежноста на ротационите машини, кои се без конкуренција во светот. Блиските работни партнерства со нашите клиенти ни дадоа единствени и блиски разбирања за процесите и предизвиците коишто се специфични за секоја главна индустриска гранка.

Курсевите на SKF се фокусирани на подобрување на ефикасноста на машините, опремата и средствата во фабриката, кои се срцето на еден производствен процес.

Максимално искористете ја вашата инвестиција во знаење

Портфолиото на курсеви следи пристап на мешавина од учења користејќи палета на методологии како што се електронско учење, курсеви во училница, практични вежби и менторства на работното место, за да се постигнат целите на учењето.

SKF може исто така да ви помогне во спроведувањето на Анализа за потребите од обука преку интернет, проценка којашто ќе ги увиди моментните компетенции на вашиот персонал во различни области и е наменета да ги определи областите во кои вештините на вработените се недоволни, со цел да се подобри ефикасноста на фабриката.

Информации за услуги

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo