Инженерски консултантски услуги од SKF

Оптимизирајте ги перформансите на вашиот дизајн со знаењето на SKF

Развојот на нова менувачка кутија со поголема густина на моќ, подобрувањето на постоечка гасна турбина заради задоволување на растечките барања на пазарот или дизајнирањето на потполно нова генерација на ветерни турбини со повисок сооднос на трошок по kW. Обемот на развојните проекти е многу широк. Брзата глобализација го прави технолошкиот развиток уште позначаен; само со иновативни решенија и зголемен квалитет и перформанси вашите машини можат да бидат понапред од оние на вашите конкуренти и да придонесат за конечната вредност за вашите купувачи.

За успешно водење на технички развојни проекти често ви се потребни различни видови на високо ниво на знаење, како што се специјалисти за напредни пресметки и експерти за материјали. Компетенции кои не се секогаш достапни во вашата компанија.

Вашиот искусен партнер во инженерингот

SKF е добро познат како водечки светски производител на лежишта, со повеќе од 100 годишно искуство во сите видови машини и индустриски гранки. Но SKF може да обезбеди многу повеќе.

SKF Услуги на инженерски консалтинг ги има искусните инженери и водачи на проекти кои можат да ве поддржат во сè, почнувајќи од науката за материјалите преку подмачкувањето и знаењата од трибологијата до проверка на вашите нови дизајни користејќи ги единствените програми за симулација на SKF. Работиме заедно со експертите на SKF и со најмодерните лаборатории и истражувачки центри на SKF ширум светот. Со применување на проверени процеси како што е „Design for Six Sigma“ овозможено е побрзо развивање на робусни решенија. Можеме да го комбинираме вистинското знаење на SKF, искуството и опремата во решенија специфични за вашите потреби, како и да ве поддржиме за целиот животен век на вашите производи.

SKF Услуги на инженерски консалтинг им помогна на многу клиенти да:
  • ги оптимизираат квалитетот и перформансите на нивниот дизајн
  • го намалат времето до излегување на пазарот преку побрза проверка на дизајнот и професионално тестирање
  • ја пронајдат причината за дефектите на машината или лежиштето.

Најголемиот дел од нашата работа се врши за постојни клиенти, коишто варираат од мали локални компании до добро познати водачи во индустријата.

Контактирајте со нас

SKF Услуги на инженерски консалтинг работи глобално и има тимови стационирани во Кина, Германија, Индија, Италија, САД, Шведска, Франција и Холандија. Контактирајте со вашиот локален претставник или апликативен инженер, или контактирајте директно со нас користејќи го копчето за контакт горе десно на оваа страница.

Информации за услуги

Ве известуваме дека линковите подолу водат до информации достапни само на англиски јазик.
SKF logo